ПРИЈАТЕЛСКИ: Пораз за Работнички, реми на Пелистер и Новаци, реми и на Струга во Анталија!

ФОТО: ФК Работнички

Македонските прволигаши и второлигаши продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари, а преку кои ја проверуваат формата за вториот дел од сезоната.

На стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид прволигашот Пелистер и второлигашот Новаци одиграа пријателски меч во рамки на зимските подготовки, меч кој заврши без победник и без погодоци 0:0.

Екипата на Пелистер главната фаза од подготовките ја реализира во Охрид, каде има одлични и идеални услови за темпирање на формата.

Актуелниот шампион во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Струга Трим Лум во Анталија одигра уште еден пријателски меч преку кои ја подигра формата за вториот дел од сезоната, каде стружани ќе атакуваат на одбрана на титулата. Струга одигра 0:0 против екипата на Кизилжар од Казахстан.

Екипата на Работнички на загуби од српскиот тим на Прва Искра Бариќ со 1:2 на „Медулин Куп 2025“ во Хрватска. Јовковиќ во 37. минута од пенал обезбеди предност за српскиот тим од 0:1 на полувреме. Во вториот дел Радојчиќ во 65. минута си постигна автогол за 1:1 во 65. минута, а четири минути подоцна Видаковиќ ги постави конечни 1:2.

Работнички во пролетната полусезона ќе атакува на освојување на титулата во домашното првенство.

Александар Ванев, М-Нет