
Македонските прволигаши и второлигаши продолжуваат со одигрување на пријателските натпревари.
Штипскиот прволигашот Брегалница ремизираше со радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица играјќи 0:0.
Во второлигашкиот тест Пелистер со убедливи 3:0 беше убедлив против новиот второлигаш Новаци. 0:0 на полувреме.
Бобан Здравевски беше двоен стрелец, а пак Борче Маневски погоди од белата точка.
Во Охрид се одигра пријателски меч меѓу новиот прволигаш Воска Спорт и второлигашот Охрид Лихнидос, на тестот каде Воска Спорт беше убедлива со 4:0.
Стрелци за охридскиот прволигаш беа Фетаи, Марушиќ, Исени и Јашароски.
Вардар Неготино прокоцка два гола предност и ремизираше со Кожуф играјќи 2:2.