Пристигнаа мошти од Св. Нектариј Егински во црквата во населбата Железничка во Штип

Пристигнаа мошти од Св. Нектариј Егински во црквата во населбата Железничка во Штип, по повод денешниот празник посветен токму на него. Храмот уште од утрото беше исполнет со верници кои со побожност дојдоа да се поклонат пред неговите мошти и да ја почувствуваат благодатта што ја носи неговото присуство.

На богослужбата чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г-дин Иларион, кој заедно со епархијата, упатија силни пораки за љубов, смирение и надеж – вредности со кои, како што истакнаа, живеел и самиот Св. Нектариј, познат по своите исцелителни чуда.

Верниците велат дека ова е редок и голем благослов за целата заедница. Храмот ќе остане отворен во текот на целиот ден за сите што сакаат да му се поклонат на светителот и да го одбележат празникот со достојна почит.

Инаку, неговиот празник секогаш се чествува на 22 ноември, менува ден, но никогаш датум.

Иван Митев, М-Нет