Приклучоци на диво на водоводната мрежа чест случај во Кочани

Приклучоците на диво на водоводните мрежи во Источниот дел на државата е проблем кој не е нов, а е доста застапен. Надлежните водат напори нивниот број да се намали, со цел граѓаните кои регуларно се приклучени на водоводниот систем да имаат добар интезитет на вода. Но, напорите и не вродуваат со голем плод. Нови случаи на диви приклучоци се појавуваат секојдневно, и по неколку пријави се регистрирани и во Општина Кочани.

„Имаме на годишно ниво по неколку приклучци на диво на водоводната мрежа, кои што ги нотираме. Кај истите одиме за исклучување, меѓутоа кратко период по нашето тргање од местото повторно се приклучуваат.“ – истакна Киров.

Затапеноста на дивите приклучоци не е појава само во градското подрачје во Кочани, туку и во селата. Кочани познат како град на белото злато, зборува и за вистинската потреба од вода, но не и за злоупотреба на истата. Киров истакна дека сведоци се на ситуации во кои и наводнувањето на нивите се вржи по нелегален пат односно со диви приклучоци. Од КЈП „Водовод“ вршат контроли и ги исклучуваат дивите приклучувања на водоводната мрежа, но корисниците повторно и повторно се вклучуваат сами. Со ова интезитетот на вода во повискоите места во Кочани, е салб а зголемена е и загубата на вода. КЈП„Водовод“ во последниот период се соочило со загуба на вода до 70%. Инаку, во Општина Штип, нерегуларно приклучување на водоводниот систем е пријавено во понеделникот.

Лаура Стојанова М-Нет