
На 17.05.2022 околу 22.40 часот на експресен пат Штип – Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Штип го лишиле од слобода Е.С.(25) од Велес. При контрола на возилото „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а Е.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.