Приведено едно лице во Виница, агресивно се однесувал кон полициски службеник

На 04.07.2021 полициски службеници од Полициската станица Виница  го лишиле од слобода Г.А.(46) од Виница, затоа што во 01.45 часот на крстосницата од ул.„Ванчо Прќе“ со „Кеј 30-ти Август“ во Виница, агресивно се однесувал кон полициски службеник кој преземал службени дејствија. По комплетирање на случајот против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.