Приведени штипјани – поседувале наркотици и се движеле во полициски час

Вчера во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Штип  на ул.„Џемал Биједиќ“ во Штип ги лишиле од слобода Д.В.(41) и К.П.(28), двајцата од од Штип, затоа што не ја почитувале мерката за забрана на движење и при извршен преглед во возилото со кое се превезувале била пронајдена марихуана, отпушок од рачно изработена цигара  и најлонска ќеса со прашкаста материја. По комплетирање на случајот, против лицата  ќе биде поднесен соодветен поднесок.