Приведени две млади лица од Виница, биле пронајдени марихуана и таблети

Во текот на вчерашниот ден (23.02.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата. При контролата констатирани се три кривични дела од кои две по член 215 и 216 од Кривичниот законик. При преглед на патничко моторно возило Пежо со винички регистарски ознаки кај Б.Т.(21) и К.С.(24) двајцата од Виница биле пронајдени марихуана и таблети. Лицата се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка. Констатирано е и едно кривично дело по член 284-а бидејќи Р.М.(50) во Дебар возел такси возило без лиценца.