Приведен пијан маж во беровско, возел со 1,83 промили алкохол во крвта

На 08.11.2025 во 21:00 часот на регионалниот пат Берово-Виница, во атар на с.Будинарци, полициски службеници од ПС Берово го лишија од слобода М.П. (54) од с. Митрашинци, беровско. При вршење на увид на сообраќајна незгода во која М.П. учествувал со патничко возило „пежо“ со беровски регистерски ознаки, утврдено е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,83 промили алкохол во крвта.   
 
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.