
На 04.12.2025 во 01:56 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.С.(38) од Штип. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,93 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.