Приведен 29-годишен возач во Делчево, возел со 2,45 промили алкохол и учествувал во сообраќајна несреќа

На 31.10.2026 во 21:30 часот на ул.” Маршал Тито“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.А.(29) од село Град, делчевско. Претходно тој управувајќи патничко возило “мерцедес” со странски регистерски ознаки, учествувал во сообраќајна незгода, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека истиот го управувал возилото по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,45 промили алкохол во организмот. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.