При претрес во дом на штипјанец пронајдена марихуана

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Љ.(21) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „овозоможување на употреба  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.12.2019, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Штип, при што пронашле и одзеле марихуана.