
Пречки нема, постапката завршена ама изградбата на новата зграда на клиничка болница во Штип веќе некое време тапка во место. Околу 200 илјади граѓани од Истокот веќе седма година по ред чекаат нова клиничка болница изградена по модерни стандарди. Ветувања дека ќе им нова клиничка во Штип дадоа неколку министри за здравство, но во реалноста сликата покажува дека прокетот држи статус кво. Пред неколку дена премиерот Ковачевски од Штип посочи дека проектот треба да се движи со побрза динамика, а до сега на терен се завршени 40% од градежните активости на терен. Градоначалникот Јорданов, пак апелира Владата да продолжи со зголемено темпо со цел Истокот да ја добие долгоочекуваната болница.
„Од она кое го имам како информација отклонети се сите бирократски пречки. Судската постапка која ја имаа изведувачот и подизведувачот е веќе завршена, направена е вонсудска спогодба, отклонети се сите претходни пречки коишто беа причина за намалена динамика и застој во изградбата на Клиничка болница. Веќе нема никакви пречки, единствено нешто кое се очекува е Владата да продолжи да со зголемена динамика да се заврши изградбата на новата зграда на КБ, да се одвојат доволно средства за да биде изградена и да биде во служба на цела Источна Македонија“ – вели Јорданов.
Од минисѕерството за здравство пред два месеца кажаа дека е одржан состанок со новите сопственици на изведувачот на новата Клиничка болница, а предвидени за оваа година се речиси 160 милиони денари за продолжување на прокетот. Дел од парите се од Буџетот на министерството, а друг дел ќе бидат позајмени. Пред нешто повеќе од три месеца пак грчки Интракат и штипски Бетон направија вонсудски договор со посредништво на градоначалникот Јорданов со кој се откочи прокетот. Штипски Бетон се откажа од каматите и прифати долгот да се исплаќа на рати.
Лаура Стојанова М-Нет