
Претставата Поштарот на Трајче Кацаров премиерно ќе се игра пред публиката во Штип. Благој Чоревски Чоре, Марија Кондовска и Игор Ѓеорѓиев се со задача семјената приказна на Каацров во вистинско светло да им ја доловат на публиката во Штип.
„Претставата говори за едно патријахално семејство кое живее убаво , се сакаат и мажот и жената имаат два сина, значи имаат прекрасен брак. Тој работи како поштар, жената му била на разбојот на машината во текстилната фабрика и поштарот доаѓа точно на денот кога се пензионира. И доаѓа еден човек кој им растура скоро сѐ“
„Каде има тајна нешто не е токму“ напишал философот Карл Јаспер. Има ли нешто што не е окму во животот на поштарот е прашање за неговата жена, но и за дојденецот.
Убав момент и претстава за паметење, вака младиот актер Игор Ѓеорѓиев ја коментира работата за преставата со неговите колеги.
Премиерно преставата ќе се игра на 17 мај вторник во 20 часот во Дом на млади Штип.
Лаура Стојанова М-Нет