
Претреси од утринава има во кафе барот Класик во Кочани, кој е сопственост на Дејан Јованов, газдата и на дискотеката Пулс.
Министерството за внатрешни работи (МВР) врши претреси со цел да се расчисти случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, кој се случи на 16 март и во кој загинаа 59 луѓе, а околу 200 се повредени.
Освен во Кафе барот Класик, полицијата врши претреси и во подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.
Кафе барот Класик, ден по трагедијата во Кочани беше демолиран од страна на граѓаните во Кочани, искажувајќи ги својот револот за починатите млади луѓе, заради низа неправилности кои беа пронајдени во дискотеката.
За случајот досега се осомничени 34 луѓе, а отворена е истрага против 27 од осомничените, против три фирми и против седум полицајци од СВР Штип и полициската станица Кочани.
Oсновниот суд Кочани одреди мерка 30 дена притвор за сите 24 лица за кои Основното јавно обвинителство бараше изрекување на мерката во рамки на истрагата за пожарот во кочанската дискотека Пулс.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет