
ЈП Исар бележи загуба на дури 60 проценти од произведената вода, нема дозвола за третман и депонирање на отпадот, нема евиденција и мерење на изнесениот отпад и доцни со исплата на долг кон министерството за финансии, соопштија денес од ОО СДСМ Штип. Претседателот на организацијата Павел Иванов, рече дека е загрижувачки извештајот на државиот завод за ревизија во кој буквално се опишува четиригодишното лошо неодговорно и неефикасно управување на претпријатието.
Загрижувачкиот извештај на Државниот завод за ревизија буквално го опишува целокупното четиригодишно лошо, неодговорно и неефикасно управување со Јавното претпријатие „Исар“. Покрај тоа што се бележи загуба на дури 60% од произведената вода, ЈП Исар:
• нема дозвола за третман и депонирање на отпадот,
• нема евиденција и мерење на изнесениот отпад,
• и доцни со исплата на долг во висина од 25,2 милиони денари кон Министерството за финансии.
Наместо да се вложува во санација на мрежата и намалување на загубите, се вложува во проекти кои личат на параван за расфрлање со парите, додава Иванов
Дополнително, го прашуваме градоначалникот Иван Јорданов: Што е преземено во врска со уништените бунари, штета која, според достапните информации, изнесува над 30 милиони денари? Зошто никој не сноси одговорност за оваа еколошка и економска катастрофа? Во услови кога ЈП Исар бележи огромни загуби и долгови, Јорданов планира да гради парк во вредност од 100 милиони денари, токму во заштитената зона каде се наоѓаат бунарите од кои до пред некоја година беа единствен извор за водоснабдување на територијата на Штип. Наместо да се вложува во санација на мрежата, намалување на загубите и решавање на отпадот, се одлучува за проекти кои повеќе личат на параван за расфрлање со парите на граѓаните. линк со видео материјал.
Дополнително Иванов посочува дека предвидениот парк кај бунарите, само ќе ја отежни ситуацијата на претпријатието.
Иван Митев, М-Нет