Прес конференција на ОО СДСМ Штип

На денешната прес-конференција, претседателот на ОО СДСМ Штип, Павел Иванов, обвини за условите во Клиничката болница во Штип и за несанираниот покрив.

Izjava 3232 Павел Иванов, претседател на ОО СДСМ Штип

00:47 denesnata 02:00 centar

,,Денешната посета на министерот за здравство Клековски, на КБ Штип е одлична можност конечно одблизу да се соочи со реалната состојба во здравство и со проблемите со кои се соочуваат пациентите и здравствените работници. Наместо протоколарни посети и празни ветувања, време е министерот да ги види проблемите што со месеци и години остануваат нерешени. Кровот на КБ Штип веќе три месеци не е саниран. Три месеци пациентите и здравствените работници чекаат решение, додека основните услови за нормално функционирање на здравствената установа се доведени во прашање. Дали е нормално во 21 век пациентите да се лекуваат во вакви услови? Дали е прифатливо грашаните на Шти и на целиот источен регион да стравуваат не само за своето здравје, туку и за условите во кои добиваат здравствена установа? Каде е новиот Клинички центар во Штип?“, обвини Иванов

На прашањата поставени од претседателот на ОО СДСМ Штип, Павел Иванов, одговори директорот на Клиничката болница во Штип, Владко Захариев. Тој вели дека во последните две години е подобрен квалитетот на здравствените услуги, се обновува медицинската опрема, а се работи и на подобрување на инфраструктурата и реконструкција на болницата.

,,Квалитетот последните две години е значително подобрен за разлика од безидејноста за претходните  седум години. Во моментот функционираат сите апарати во болницата, се очекува нов современ мамограф, се чека пристигање на ЕМГ апарат, ургентниот центар е во напредната фаза, модуларната болница е фунционална, за разлика од руината што беше оставена на вандалски чинови и забот на времето. Подобрување на патната инфраструктура во болницата со асфалтирање и оспособување на дополнителниот влез. Реконструкцијата на кровот е во процедура на одлука по жалба за надзорот, што во скоро време ќе биде решен. Денес отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка по идеја дадена од луѓе со конструктивни идеи за да се подобри квалитетот на лекувањето. Очекуваме идеја, од безидејноста, што би можеле да ја реализираме за доброто на пациентите” информираше директорот на КБ Штип, Владко Захариев

Дополнително, директорот Захариев потсети дека денеска е отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка, со цел унапредување на квалитетот на лекувањето на пациентите.

Ева Тушевска, М-Нет