Преку цртање дрва до пошумување на опожарените подрачја во државата

Преку едукативни работилници од Основното училиште „Димитар Влахов“ во Штип започнаа акциите со помош на кои ќе се пошумуваат опожарените подрачја во државата. Децата најпрво со јаглен цртаат дрво на лист и го садат во виртуеланата шума, за подцна проектот да се реализира и во пракса и со поддршка на Националани шуми да се засадат дрвца на опожарените места во државата. Колку повеќе дрвца ќе се нацртаат толку повеќе ќе бидат засадени.

„Со помош на Боренка имаме два пакети. Едниот пакет се едукативни работилници тоа се овие кутии кои внатре содржат јаглени моливчиња и ливчиња. Јаглените моливчиња преставуваат изгорено дрво кое треба да врати живот на шумата. Ги посетуваме училиштата од цела Македонија каде децата цртаат дрво го сликаат со телефон и после тоа може да го посадат во виртуелна шума. Колку повеќе има нацртано дрва и засадени во виртуелната шума, толку повеќе волонтерните на Боренка цо текот на пролетта излегуваат надвор и пошумуваат“ – вели Јанковиќ.

Утре ќе се пошумува во демиркаписко, а приорите за пошумување се и областите во Источниот Регион кои изминатите години беа зафатени со големи пожари. Од „Боренка“ апелираат до младите да се приклучат кон ваквите акции и да се засадат што е можно поголем број на дрвца.

„Тоа ни е приоритет, Свероисточен, Источен, Вардарски Регион ни се приоритет, особено областите кај Делчево, Пехчево, Берово онаму каде што имавме најголеми пожари исто и Кумановскиот предел, пред некоја година гореше и делот кај Кокино. Национални шуми се отворени за поддршка, за организација, ние како извидници сме отворени да ги координираме волонтерите кои сакаат да ни се придружат“ – додава Јанковиќ.

Заинтересираност има од најмала возраст, согласни се извидниците од Штип. Велат децата постојано се приклучуваат кон вакви акиции и придонесуваат за чиста и зелена животна средина.

„Интерес од секогаш постоел и секогаш мислам дека ќе постои, особено кај децата и младите и постојано се вклучуваат луѓе, млади и постојано имаме огромен интерес и постојано вршиме нови уписи“ – додава Тошиќ.

Засади дрво за да можат идните генерации да бидат под неговата сенка, од Боренка велат целта е единствена да се даде нов живот на опожарените подрачја во државата и младите да се вклучат во ваквите акции на терен.

Лаура Стојанова М-Нет