Прекин на водоснабдување во делови од Штип на 15 јуни поради монтирање на фасонски елементи за SCADA систем

ЈП „Исар“ – Штип информира дека поради монтирање на фасонски елементи за SCADA систем, во понеделник (15.06.2026) од 10:00 часот, па се до завршување на активностите, ќе има прекин во водоснабдувањето. Без вода за пиење ќе бидат улиците Радански Пат, Сутјеска (дел), Пиринска, Вардарска, Сремска, Солунска, Блок 70, Блок 90, Блок 2000, Христијан Карпош, Еврејска, Благој Мучето и Питу Гули. Од претпријатието апелираат граѓаните навреме да се снабдат со потребните залихи на вода и се заблагодаруваат за разбирањето.

Дајана Сандева, М-Нет