Пред новите прволигаши следува процес на имплементација на ВАР технологијата на стадионите

Во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига ќе има три нови членови односно Брегалница и Скопје како повратници и за првпат Шкендија Арачиново.

Пред трите екипи кои минатата сезона водеа борба за влез во елитата следува еден важен и клучен процес во поглед на обезбедување на потребни услови за да може домашните натпревари да ги играат на своите стадиони.

Потребните услови за игра во однос на Втората лига во прволигашката конкуренција се повисоки, а еден од поголемите услови е имплементирањето на ВАР технологијата.

На стадионите каде играат овие три екипи ВАР технологија нема, затоа екипите мора да го започнат овој процес со време за да може да биде успешно применета ВАР технологијата на стадионите каде Брегалница, Скопје и Шкендија Арачиново ќе ги играат домашните натпревари.

Екипата на Брегалница настапува на Градскиот стадион во Штип, Скопје игра на стадионот „Железарница“ во Автокоманда, останува Шкендија Арачиново каде би ги играла домашните натпревари. Овој тим минатата сезона играше на три различни стадиони – домашни натпревари играше на стадионот на Фортуна во Синѓелиќ, како и на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а пак Куп натпреварите ги играше на стадионот Башкими во Куманово.

Александар Ванев, М-Нет