
Сезоната 2025/2026 заврши со одигрувањето на бараж натпреварот во Радовиш меѓу екипите на Ѓорче Петров 2 и Пелистер, меч кој го доби скопскиот тим и избори враќање во елитата, а битолскиот тим се сели во Прва лига.
Веќе е познат изглед на новата сезона 2026/2027, а Штип останува во елитниот ракомет во женска конкуренција. Екипата на Астибо и следната сезона ќе се натпреварува во Супер лигата, а во градот под Исарот ќе гостуваат најдобрите екипи од Македонија.
Покрај Астибо во Супер лигата следната сезона ќе биде шампионот Ѓорче Петров, Чаир, Спартак, Вардар, Куманово, Атлетик и Ѓорче Петров 2.
Следната сезона дефинитивно ќе има силна конкуренција и околу борбата за титулата и излезот во Европа, но и во трката за опстанок.
Екипата на Ѓорче Петров ја освои двојната круна во сезоната која измина.
Александар Ванев, М-Нет