Колку е развиен сениорскиот ракомет во источниот дел на Македонија?

ФОТО: Александар Ванев

Истокот на Македонија сиромашен кога е во прашање сениорскиот ракомет, постојат градови каде воопшто и нема ракомет, или градови во кои има само младински школи или школи само за тренинг.

Прволигашки ракомет има само во три града, а од следната сезона суперлигашки ракомет ќе нема во ниту еден град. Дали и колку се развива ракометот во источниот дел на Македонија е прашање за поголема и подетална анализа.

Во Штип со години екипата на Текстилец УГД се натпреварува во Првата лига, клубот е посветен во развојот на млади ракометни таленти преку младинската школа, а во минатото Текстилец УГД се натпреваруваше и во Супер лигата.

Во Свети Николе се игра сениорски ракомет екипата на Овче Поле е дел од Првата лига, а во минатото беше дел и од Супер лигата. Од следната сезона во Радовиш ќе се гледа прволигашки ракомет наместо суперлигашки, откако РК Радовиш испадна од Супер лигата.

Само во Штип, Свети Николе и Радовиш има сениорскиот ракомет, во останатите градови нема сениорски ракомет ниту во машка, ниту во женска конкуренција.

Кога зборуваме за женскиот ракомет тука е уште по поразително. Во Штип се игра и гледа суперлигашки ракомет, Астибо е дел од Супер лигата, а пак во Свети Николе се гледа прволигашки ракомет преку ЖРК Овче Поле СУ. Во останатите градови воопшто и нема женска ракомет во сениорска конкунреција, а во некои градови нема ниту школа за женска ракомет.

Александар Ванев, М-Нет