
Годинава Штип ќе биде една предновогодишна бајка. Градот ќе биде соодветно украсен и осветлен за да добие соодветен амбиент. Подготовките за украсување на Штип веќе се во тек. Градоначалникот Иван Јордаов најави дека како никогаш досега се предвидени содржини за Нова година кои ќе ги анимираат сите од најмалите до највозрасните. 20 дена пред Нова година, градот ќе живее во духот на празниците и ќе се чувствува предновогодишната магаија на шеталиштетот Ванчо Прке.
„Главен акцент ќе се стави на новото шеталиште Ванчо Прќе кадешто ќе имаме предновогодишен базар, со поставување на унифицирани објекти кои ќе бидат простор за трговци да изложат свои производи и да го збогатат предновогодишниот амбиент. 20 дена пред Нова година на шеталиштето ќе имаме богата музичка програма, ќе има доста содржини со кои ќе се анимираат сите од најмалите до највозрасните, театарски престави, аниматори, жонглери и слично.“ – вели Јорданов.
Со организирање на вакви настани се работи на разубавување на градот и покрај тоа што станува збор за минливи активности. Но, пред новогодишните празници модерното и европското ќе биде на едно место во центарот на Штип.
„Има едни кои велат зошто да се трошат пари за нешто кое е минливо, од друга страна голем процент вклучувајќи се и јас самиот посакувам мојот град да изгледа европски, модерно и да има соодветен амбиент.“ – додава Јорданов.
Во оваа прилика Јорданов ги повика граѓаните од Штип, од регионот, но и од државата да одвојат дел од своето време и да уживаат во подготвената предновогодишна атмосфера.
Лаура Стојанова М-Нет