
Ракометниот клуб Текстилец УГД од Штип влегува во завршната фаза на подготовки пред почетокот на новата сезона кој е закажан за 12/13 септември, а новата сезона штипскиот тим ја отвара против Преспа во Ресен.
Управата успеа во најголем дел да го задржи костурот од минатата сезона, што претставува важен сегмент во градењето на тимот.
Во составот остануваат капитенот Филип Џинес, како и Александар Јовановски, Драган Сенев, Филип Савев, Дарио Јорданов, Роберт Миланов, Лазар Стојанов, Кристијан Атанасов, Милисав Петров и Марјан Савев.
Текстилец УГД продолжува да се потпира и на сопствениот младински погон. Во сениорскиот состав се приклучуваат Кристијан Станчен, Христијан Властов, Христијан Коцев, Петар Зафиров, Никола Миланов, Андреј Зафиров, Андон Арсов, Христијан Харизанов и Марко Димов.
Клубот се засили со Илија Табаков, Никола Таневски, Кире Миленков и Стефан Стојанов, а клубот е во преговори со уште двајца ракометари.
Од штипскиот клуб заминаа Јован Атанасовски и Борче Боболков, на кои Текстилец УГД им посакува здравје, среќа и успех во продолжението на нивните кариери.
Александар Ванев, М-Нет