Прволигашите започнаа со одигрување на пријателски натпревари и на темпирање на форма во странство

ФОТО: ФК Арсими

Македонските прволигаши започнаа со одигрување на пријателски натпревари како дел од процесот на проверка на подигањето на формата. Вчера, Шкендија и Брера Струмица одиграа пријателски натпревар кој заврши со висок триумф за актуелниот шампион од Тетово со 3:0.

Стручните штабови им дадоа шанса на сите фудбалери, а стрелци за тетовскиот тим беа Адеми и Ибраими со два гола.

Висок триумф имаше и тимот на Струга Трим Лум откако со 0:3 над албанскиот тим Малиќи, а меч кој се одигра во Корча, Албанија. Стрелци на погодоците беа Малески, Рочи и Радески.

Шкендија и Струга Трим Лум сега заминуваат во Анталија, каде ќе ја проверуваат формата, а каде ќе одиграат и неколку пријателски натпревари, додека пак Брера Струмица главната фаза од подготовките ќе ја темпира во Грција.

На подготовки во Турција ќе бидат и Пелистер, Тиквеш и Силекс и Вардар, додека пак Арсими и Башкими формата ќе ја проверуваат во Хрватска.

Арсими веќе одигра два пријателски натпревари на хрватско тло, каде првиот го загуби од Вуковар со 4:0, а на вториот пак загуби со 4:1 од Приморје.

Во следниот период се очекува интензивно да започнат прволигашите со одигрување на пријателски натпревари, најчесто пет до шест пријателски натпревари ќе одиграат сите прволигаши.

Пролетниот дел во фудбалската елита на Македонија започнува на 7 февруари.

Александар Ванев, М-Нет