Прво засилување за Арсими, Пелистер ја продолжи соработката со неколку играчи, ново засилување во Вардар и Работнички!

Пелистер го гради ростерот за новата сезона во Првата лига, откако битолскиот прволигаш го претстави Димитар Капинковски како нов шеф на стручниот штаб, клубот започна со потпишување на играчите од претходната сезона.

Пелистер ги задржа Александар Ристевски кој има богато прволигашко искуство и кој е столб во одбраната, потоа со Јорданчо Наумоски, фудбалерот за врска има 25 настапи, еден гол и една асистенција од минатата сезона, продолжена соработката со левиот бек Филип Миленковски, како и со напаѓачот Јованчо Трајковси кој има еден гол и една асистенција од минатата сезона.

Старо-новиот тренер Капинковски прозивката ќе ја има на 30 јуни, кога ќе биде означен почетокот на летните подготовки.

Работнички ја продолжи соработката со младинскиот репрезентативец на Македонија до 21 година, Теодор Николовски, кој останува верен на клубот од Дебар Маало до 2028 година.

Вардар го обезбеди потписот на 27-годишниот Аргентинец Диего Факундо Кастањеда. Се работи за офанзивен фудбалер од средниот ред, а кој минатата сезона ја помина во црногорскиот шампионат.

Новиот прволигаш Арсими го претстави првото засилување, се работи за крилниот напаѓач Мирнел Хуриќ. Претходно, како што веќе информиравме Арсими ја продлжи соработката со десеттина играчи, а сега започнува и со промоција на нови играчи, а главната фаза ќе се реализира во Охрид.

Александар Ванев, М-Нет