
Првите врнежи од снег пријатно ги изненаде граѓаните на Штип. Граѓаните уште утрово излегоа да пешачат покрај украсениот Штип и да уживаат во снежните врнежи, кој се дополнителенен одраз на новогодишната магија. За М-Нет телевизија велат дека покрај најмалите, на снегот се радуваат и повозрасните, па затоа истакнаа дека вака и прилега на зимата.
Во однос на прашањето дали има новогодишна еуфорија кај граѓаните, речиси сите анкетирани одговорија дека има, но имаше и такви кај кој истата немаше резулат.
Инаку, врнежите од снег ќе бидат присутни се до ноќта кон сабота, па затоа граѓаните на истиокот во следните неколку дена ќе има можност да ужива во оваа магија.
Лаура Стојанова, М-Нет