
Дури во деветтото коло од Првата женска фудбалска лига екипата на Кочани го забележа првиот сезонски триумф, откако со 2:1 го доби Топ Гол од Битола, па така повратникот во елитата собра три бодови за вкупно четири, но и натаму останува во долниот дел од табелата.
Екипата на Каменица Саса го загуби дербито со Скопје, во меч кој се играше на Градскиот стадион во Македонска Каменица, а резултатот беше 0:2 за гостинот.
Тиверија Брера го доби дербито во Струга, откако со 1:2 го доби Ас Јунајтед, а пак Истатов немаше проблеми и со високи 3:0 го доби составот на Речица.
Шампионот Љуботен не виде воопшто мака и со 0:3 славеше висока победа над дебитантот Вардар на гостински терен.
По комплетирање на првиот круг, односно по одигрување на девет кола екипата на Љуботен е на врвот со максимални 27 бодови, девет од девет со најефикасен напад кој реализирал 45 погодоци и најдобра одбрана со само два примени погодоци.
На втората позиција е Скопје со 24 бодови и само еден пораз од шампионот од Тетово, а пак Тиверија Брера е трета со 18 бодови. на четвртата позиција е Ас Јунајтед со 16 бодови, а пак Истатов е на петтото место со 15 бодови, а толку има и Каменица Саса која е на шестата позиција.
Веднаш пресек на табелата со што останатите четири екипи ќе водат тешка битка за опстанок. Вардар е седми со пет бодови, а по четири бодови имаат Топ Гол, Речица и екипата на Кочани.
Последнопласираниот тим директно испаѓање во Втората женска фудбалска лига, а пак претпоследниот тим кој ќе заврши на деветтото место игра бараж за опстанок во Првата лига, против екипата која ќе биде на втората позиција во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет