Прва победа на одбојкарите на Македонија У – 20 на Балканското првенство во Косово

Вчера во Приштина започна Балканското првенство во Одбојка за играчи до 20 години на кое првенство настапува и селекцијата на Македонија. Во првото коло се одиграа три натпревари при што се постигнаа следните резултати:

Бугарија – Албанија 3:0

Црна Гора – Турција 1:3

Косово – Македонија 1:3 (22:25) : ( 25:21 ) : ( 26:28 ) : ( 23:25 ) …

Интересна возбудлива и драматична беше играта во која и самиот резултат покажува дека играчите на теренот водеа борба за секој поен и сет, за да на крај нашите дечки се радуваат на првата победа. Денес на програмата ќе бидат натпреварите од второто коло во кое се среќаваат:

Црна Гора – Косово

Турција – Албанија

Бугарија – Македонија

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk