
Комбинирано во изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 6 коло на Првата Футсал лига на Македонија. Во Штип локалниот дерби натпревар помеѓу двете штипски екипи заврши нерешено со 6 постигнати голови, односно со резултат 3:3. Во дербитито на врвот на табелата во Скопје натпреварот Шкупи – Железарец заврши исто така нерешено 1:1. Еве ги комплетните резултати од 6 коло:
- Шкупи- Железарец 1:1
- Арбен Бајрами – Јувентус 9:3
- Мал Ајакс – Астибо 3:3
- Карадаку – Црна Река 6:2
- Кратово – Проект Цико 4:11
- Кеги Моби – Велес 7:1
Веќе утре,среда ќе се одиграат натпреварите од вонредното 7 коло во кое тимот на Астибо во Штип ќе се сретне со екипата на Карадаку. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Тошо Арсов со почеток во 19.00 часот без присуство на публика. Еве ги комплетните двојки за ова 7 коло:
- Велес – Шкупи
- Проект Цико – Кеги Моби
- Црна Река – Кратово
- Астибо – Карадаку
- Јувентус – Мал Ајакс
- Железарец – Арбен Бајрами
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk