
250 денари за топче праз, цената идентична дури наместа и поевтина споредбено со претходната година овој период. Произведувачите задоволни од квалитетот на празот, делумно и од побарувачката на пазарите, но свесни дека пораснаа цените на сите репроматеријали стравуваат дека производството од година во година ќе се намалува.
„Денеска е супер, одлично, 600 топа имавме, имам уште 100, вчера 400 продадевме. Шпиц сезона, јако излегува, квалитетен праз се бара, не квалитетниот стое во место. Цената е речиси истата, 250 денари беше минатата година, 250 денари е сега, ист е и квалитетот. Цената лани беше 60 нафта – бензин, сега е 100 – 100 имаме многу неспоредливи работи, зелката лани беше 28 до 30 денари сега е 15, на пола цена“
Произведувачите се согласни дека годинава за квалитетот на празот се исполнети сите предуслови, но и загрижени се од фактот дека ќе нема кој да работи.

„За добар праз треба да има добро обработлива почва, да се знае како да се обработи, навремени врнежи од дожд за да може да направи глава доле и тој сам почнува да врзува веќе.“
За граѓаните цената на празот и зелката е речиси нормалана за нивниот буџет, ама велат примањата се мали, па дел од нив производите ги оченуваат доста скапо.
Освен празот и зелката кој се бараа во најголем мера, бидејќи им е сезона, се бараше и останатиот сезонски зеленчук и сезонско овошје.
Лаура Стојанова М-Нет