
Во периодот од 22.00 часот на 07.03.2020 до 04.00 часот на 08.03.2020 СВР Штип спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата, кај 25 возачи било утврдено присуство на алкохол, од кои 11 во Штип, три во Кочани, еден во Пробиштип, еден во Виница, два во Делчево, два во Берово и пет во Свети Николе. Притоа, сите 25 возачи биле исклучени од сообраќај и на сите им се изречени соодветни санкции. Санкционирани се и 18 останати прекршоци.