
Петочен, раздвижен, пазарен ден. Иако празничен, ама сепак тоа не ги спречи граѓаните да излезат и да си ги купат основните производи за да ја поминат седмицата. Задоволни беа продавачите и велат дека особено побарувачка овој петок тие имаат на модриот патлиџан, тиквата, патлиџанот и пиперот и согласно температурите задоволни од производството
“Модар патлиџан, обичен патлиџан кој посебно го има само кај мене наречен шарен, кој е квалитетен и многу убав патлиџан, холандска сорта, кој се користе низ западот за десерти, а може да се користи во секое јадење. Тиквичка имаме сега, моментално се троше доста многу, а и цената и е добра, задоволни сме. Моментално со овие климатски услови е тешко, ги заштитуваме доста, покриваме со мрежа за да не се изложени дирекно на сонце.“, велат продавачите
“Во овој период највеќе има побарувачка на пиперот, патлиџанот, лубеницата, грозје. Зависно за тој што има пари, производите не се скапи, а за тој што нема и два денари да му кажеш, пак му е скапо. Да дојдете да го изработите до производство е многу скапо, препарати, бензини, а работата да не ја ставеме тоа е плус“, велат продавачите
Задоволни беа и купувачите, кои децидно велат дека за почеток на месецот, цените се складни, а производите квалитетни
“Моментално купувам праски, нешто сливи, нешто круши, буквално има се. Со оглед на времето што е, мислам дека е нешто одлично, а не добро.“
“Има некој поедино, еве по 50 денари одат производите. Нормално, не е скапо за мене“
“Што да купам, за дома што треба, зависно ако земете пензија се зголемува и цената, ако е обратно пак намалат.“
Илинденската трпеза неможе да се замисли без лубеницата и дињата, па затоа овој петок побарувача имаше и од нив, кои беа достапна и пристапна во однос на примањата на граѓаните.
Лаура Стојанов, М-Нет