
Започна „Текстиилијада 9“ во Штип. Со дебата на која се разговараше за предизивиците во текстилната индустрија, се бараа решенија за надминување на состојбата во која се наоѓаат текстилните работнички. Целта е модернизација на приватниот сектор, економски раст и развој.
„Оваа дебата е токму за тоа – модернизација на приватниот сектор, економски развој и раст. Се надевам дека ќе се разговара за да видиме што може и како може оваа состојба која ни се случува веќе една година интезивно.“ – вели Ампева.
На дебатата пораките требаше да бидат пренесени до ресотрното министерство како и до Влада, но истовремено и слушнати од таму. Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, посочи дека мерки има и сега кои се коирстат од страна на текстилните фирми, но во наредниот период потребни се и нови, со цел да нема затворање на фирмите со што работниците би останале на улица.
„Во наредниот период ќе се обидеме заедно во договор со стопанските комори, посебно со текстилните компании да видиме какви мерки да понудиме подобри со цел овие компании повеќе да опстојуваат во Македонија. Ние имаме активни мерки, кои ги користат сите компании“ – вели Ристевски.
Текстилијада 9 е настан од Интернационален карактер. Денеска и утре ќе се реализираат дебати форуми, визуелна изложба, литературен конкур со што ќе се одбележи деветото издание на текстилијадата во Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет