
Почна ставањето на зелка уште пред празникот Митровден, граѓаните од вчера навалија со купување. Секој ја подготвува на свој начин: најпрво се вади кочанот, се става сол, се чува неколку дена и се дотура вода. Но, од неа се прави вкусна расолница, сарма, салати и други зимски специјалитети, кои се полезни за сите, особено за повозрасните. Продавачите велат дека зелката годинава е родна и побарувачката расте секојдневно. Граѓаните додаваат – домашната кисела зелка е незаменлива на зимската трпеза.
Продавачот Николчо Манчев од с. Ракитец, Општина Конче, објаснува дека добра зелка најпрво излегува од добра почвата, а потоа следи препораката да не се прска. Тој ја продава по 30 денари.
Инаку, граѓаните ја купуваат со вреќи и ја носат дома, за да ја приготват дури дојде зима. Зелката е неизбежна во зима, додаваат анкетираните, бидејќи од неа прават многу вкусни традиоцнални македонски јадења.
Иван Митев, М-Нет