
Во вкупно пет пунктови, денеска почна откупот на тутунот во Општина Карбинци и село Радање. Стартот не ги задоволи производителите, бидејќи цената останува 420 денари за прва класа. Претседателот на Сојузот на земјоделци, Кире Ристевски, информираше дека досега се примени 3.470 тони со просек од 419,64 денари, а проекциите се дека ќе бидат собрани околу 22 милиони килограми до крајот на сезоната.
Ристевски посочува дека рокот за завршување е 28 февруари, а овогодинешниот квалитет е подобар од ланскиот, иако незадоволството кај производителите останува.
,,Во Општина Карбинци од денеска се отворени сите пунктови, односно компаниите кои имаат пунктови во делот на Карбинци се сите отворени. Вкупно се пет откупни места и сите се отворени. За мене е задоволително. Во Карбинци и во Радање, цената е 420 денари и се оди прва класа. До моментот до сега има откупено 3 милиони и 470 тона со просечна цена од 419, 64 денари. Нашите предвидувања се дека ќе се откупи околу 22 милиони. Крајниот рок е 28 февруари. Во однос на квалитетот, оваа година е подобар квалитетот од претходната година. Лани беше просекот 400 денаир, годинава е 420 денари.“, рече Ристевски
Простор цената да расте има вели Ристевски. Посочи дека уште сега се преговора цената на тутунот за следата година да биде повисока.
,,Секогаш има простор за да цената биде повисока и ние уште сега почнуваме да размислуваме за новата цена за нареданта година, се со цел да се задржи оваа култура. Оваа култура е многу начајна за самата држава, но и за коменрантите.“, додава Ристевски
Според производителите, цената е незадоволителна, бидејќи оваа година зад доброто производство стои многу труд, многу препарати, влог, кој го доведува фактот дека е потребна повисока откупна цена. Децидни, дека следната година цената мора да е повисока.
Иван Митев, М-Нет