Почина 23 годишниот Кристијан Сребреновски од Кочани, коj боледуваше од карцином

Почина 23 годишниот Кристијан Сребреновски од Кочани, коj боледуваше од карцином на тестис со метастази во глава. За краток период на Кристијан му беа извршени три операции во болница во Ријека Хрватска. За него во претходниот период се собираа и донации, но за жал тој не успеа да ја победи оваа болест. Јавноста и граѓаните од Кочани изразија сочувство до неговото семејство и благодарност до сите кои помогнаа во хуманитарната акција за неговото лекување. Инаку Кристијан Сребреновски во следниот период требаше да биде младоженец.