
Потпишан кодексот за фер и демократски избори во Општина Карбинци, од понеделник започнува изборната кампања. Кандидатите за градоначалници се обврзаа на чесна и транспарентна кампања, а Општинската изборна комисија продолжува со подготовките за успешен изборен процес.
,,Денес во организација на општинската изборна комисија Карбинци, кандидатите за градоначалници потпишаа кодекс за фер и демократски избори, што значи дека од понеделнк фицијално започнува изборната кампања и ќе имаме една кампања како што доликува на Општина Карбинци во фер и демократска атмосфера. Општинската изборна комисија на Карбинци работи континуирано подготуввање на изборниот процес. Во тек се понатамошни активности за едукација на избирачките одбори. Организација околу гласачките места.“, рече Велинова
Изборната кампања од понеделник во Општина Карбинци започнува со шест лиси за совет и две листи за градоначалник на општината, потенцираше претседателката на општинската изборна комисија Адријана Велинова
,,Имаме шест листи за совет и две листи за градоначалник во Општина Карбинци.“, додаде Велинова
Инаку, од понеделник започнува изборната кампања. Првиот изборен круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври 2025, додека вториот е предвиден за 2 ноември.
Иван Митев, М-Нет