Поставувањето на старо новиот директор на ЈП „Исар“, наиде на критики од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

Вчерашното поставување на нов директор на ЈП „Исар“, денеска наиде на остри критики од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму сугерираат дека владеачката партија не располага со нови и свежи лица па затоа ги враќаат старите потрошени осудени кадри.

„Со вчерашното поставување на старо новиот директор на ЈП„Исар„, славната изјава на Заев дека ќе работи само со нови и чесни кадри, еродира и изгуби смисла. За какво лице се работи ние како ВМРО ДПМНЕ веќе ја известивме јавноста па сега само ќе ги поставиме прашањата.
Толку ли владеачката партија не располага со свежи лица, па мора да ги враќа старите потрошени и осудени кадри?
Лице осудено за финансиска злоупотреба, ли СДСМ го нарекува нов и чесен кадар?
Ако веќе еднаш лицето извршило криминални дејанија во јавното претпијатие, за кое има и условна казна од две години, која е пречката да не го повтори делото?“ – беше дел од соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Новиот директор на ЈП „Исар“ бил директор на ова јавно претпријатие и претходно. Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип истакнаа дека претходно предупредиле, а денеска веќе се исполнуваа стравовите на штипјани.

Лаура Стојанова М-Нет