Поставени реквизити, содржини, осветлување – Штип го добива првиот парк за миленици

Поставени реквизитите, содржини за миленици, канделабри – Штип го добива првиот парк за миленици. Потегот покрај река Брегалница кај пешачката патека добива поинаков лик, а паркот може да го користат сите граѓани во општината и регионот.

„Деновиве се поставени потребните реквизити и содржини, осветлувањето, канделабрите, реквизитите за милениците. Како што напоменав за првпат се создава ваква содржина во нашиот град. Се надевам дека и останатата површина долж пешачката патека покрај река Брегалница ќе се оплемени со нови содржини“ – вели Јорданов.

Средствата за реализација на овој проект се издвоени од општинскиот Буџет, општествено одговорни компании како и ЛАК Плачковица. Јорданов посочи дека во периодот кој следи ќе се реализираат и низа други активности наменети за младите.

„Вкупната инвестиција е помалку од еден милион денари, еден дел се обезбедениод ЛАК Плачковица, одопштествено одговорни компании, повеќе од 500 илјади денари се од општинскиот Буџет. Ова е само еден од низата проекти предвидени за нашите сограѓани“ – додаде Јорданов.

Граѓанската иницијатива за изведба на овој парк е од страна на граѓани од Општина Штип, а од ЛАК Плачковица посочуваат дека иницијативата е поддржана и финасисрана од УСАИД програмата.

Во наредните денови се очекува да завршат активностите на терен и паркот за миленици целосно да може да секористи.

Лаура Стојанова М-Нет