Поранешен градоначалник на Карбинци – денеска мајстор кој работи земјоделство и сточарство

Некогаш градоначалник на Општина Карбинци, денеска мајстор кој работи заедно со своите деца. Васил Богдански од карбинско Таринци има речиси 70 години. Во својот скромен дом одгледува кокошки, има бавча, овоштарник, па вели освен кафе, шеќер и зејтин не купува ништо друго. Живее со својата сопруга, но пресреќен е што овде се и неговите синови и неговите внуци. Вели ова е благодарени на него оти ги научил да работат и да немаат срам од работа, а не да заминат во странство и да чекаат плата.

„Сега си имам на нивата овоштарник, имам 200 дрвца, 50 ореви, бавча имам. Ние купуваме шеќер, кафе и зејтин, друго се произведуваме. Оваа година треба овоштарникот да роде фул. Никој не треба да се срамува од работата“ – вели Богдански.

Освен со земјоделство, одгледува и кози, а чува и две свињи. Десет години откако му поминал градоначалничкиот мандат, вели ужива во неговите пензионерски денови и работа на село. Дециден е работел пред да стане градоначалник, работел во одело како градоначалник, работи и сега.

„Јас чувам две кози, сега ќе имам пет јариња, 100 кокошки имам и повеќе, две свињи. Не сме желни ниту за месо, ниту за јајца, ниту за урда за ништо. Јас сум бил градоначалник и не ми е срам да чувам кози. Сега ќего зголемам малку стадото“ – вели Богдански.

Телефонот не престануваше да ѕвони кога бев градоналачалник иста е ситуацијата и сега – вели Богдански. Ама денеска ме бараат бидејќи јас сум мајстор дециден е тој.

„Не толку интезивно, тогаш ме бараа за работа, ама јас сум мајстор јас телефонот не сум го испуштил од раце. Мене и сега телефонот му ѕвоне нон стоп.“ – додава Богдански.

Богдански случајно влегол во политика, но работата за него никогаш не била проблем. Среќен е што своите деца може да ги види кога ќе посака, и тие работат заедно со него.

Лаура Стојанова М Нет