
Веќе два дена без вода за пиење се оставени жителите од населба Автокоманда во Штип. Граѓаните реагираат за вака настаната ситуација, прашуваат зошто и по два дена сѐ уште немаат вода за пиење. На ова од ЈП Исар, водовод и канализација истакнаа дека заради реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на три улици во оваа населба нема вода за пиење.
„Во населба Автокоманда во пертходниот период се одвиваа активности за реконструкција на водоводна и канализациона линија на улиците Браќа Даневи, Солидарност и Петти конрес. Поради ова неколку дена, жителите од овој дел од градот се без вода за пиење. И во иднина ќе се одвиваат овие градежни активности се до завршување на целосна рекоснтрукција на овие улици. Поради тоа што населбата е доста голема дел и од споредните улици се без вода за пиење.“ – кажа Горгиев.
Дополнително денеска вода за пиење немаат ниту жителите од населба Леваци. За ова винивник е големиот дефект на водоводната мрежа кој настанал утринава.
„Истовремено денеска се деси и поголем дефект на улица Коле Неделковски во Штип. Екипите на водовод и канализација се на терен од раните утрински часови, се надевам дека во попладневните часови ќе биде саниран и тој дефект.“ – додаде Горгиев.
Според Горгиев градежните активности на канализационата и водоводна мрежа во населба Автокоманда во Штип се очекува да завршат до крајот на месецот, но прекините во водоснабдувањето ќе бидат краткотрајни. Викендов водата за пиење е сопрена поради поврзување на новата со страта водоводна линија.
Лаура Стојанова М-Нет