Поплавени подруми, дворови, уништена стока во Грдовци по излевањето на река Масалница

Поплавени подрми, ниви, дворови, стока која не преживеала и луѓе кои се уште се борат со надојдената вода од река Масалница – ваква е сликата во село Грдовци по вчерашните поплави. Водата полека се повлекува но штетите остануваат. Како што велат жителите за кратко време вчера реката под вода гии оставила нивните дворови, подруми. Цела ноќ се обидувале да спасат кој што може, ориз, стока или зимница.

„Водата се повлекува ама штетата останува, уште се мачиме, уште извлекуваме вод. Вреќите ориз ни се поплавени, мумуруска, зимници се е под вода.“ – вели Малинова.

„Две кози ми премрзнаа и 30 кокошки умроа.“ – додава Арсов.

Неисчистеното корито на Оризарска река е главната причина поради која се поплавени дел од куќите во село Грдовци. Жителите велат не е првпат, на секој поголем дожд стравуваат дека ќе бидат поплавени, и затоа се заштитуваат на секој можен начин. Децидни дека треба да се исчисти коритото со цел да не се повторуваат поплавите и да не се создаваат дополнителни штети.

Од Општина Кочани истакнаа дека и вчера и денеска се на терен и се работи на санирање на настаните штети. Дополнително, како што истакна градоначалникот, Владко Грозданов, формирана е комисија за проценка на штети.

„Општината и до сега преземаше се, исчистивме многу речни корита и многу канали за одводнување кои беа клучни за овој период. Во кочанската општина има формирано комисија за преценка на штети, до овој момент нема пријавено штети, но очекуваме секој кој има штети слободно да пријави“ – вели Грозданов.

Во текот на влчерашниот ден се излеа Оризарска река, а затворен за сообраќај беше и патот кој води од Кочани до село Зрновци.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет