
Половина месец без вода за пиење се жителите кои живеат во новите типски куќи кон Мирјанина црква во Штип. Немаат вода за пиење, не можат да зготват, да се исперат. Велат дека тешко се живее со мали деца без вода, без основни услови за живот, па бараат од надлежните да излезат на терен и да ја проверат ситуацијата поради која овие жители се оставени без вода половина месец.
„Ние имаме водомери од ЈП Исар, треба да плаќаме сметки, ама веќе месец дена немаме вода за пиење. Ги замолуваме надлежните да го санираат проблемот, ние знаеме дека има доволно количина на вода, бидејќи ни е потребна хигиена, за нас и за децата“ – велат граѓаните.
За ситуацијата се запознаени и од ЈП Исар. Од таму за М-Нет телевизија истакнаа дека водата е пуштена од нивнта страна, но проблемот лежи кај дивите приклучоци, односно граѓани кои им ја сопираат водата на соседите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет