Познати сите екипи кои ќе учествуваат на завршницата од женскиот ракометен Куп на Македонија

Познати се сите четири екипи кои ќе учествуваат на завршницата од женскиот ракометен Куп на Македонија.

Бранителот на Куп трофејот екипата на Ѓорче Петров, Чаир, Вардар и Металург Автокоманда. Овие екипи ќе се борат за освојување на Купот за тековната сезона.

Од групата А екипата на Металург Автокоманда беше победник откако беше убедлив против Спартак, во групата Б каде што играше штипски Астибо победник во групата беше Чаир кој тесно славеше над Куманово.

Во групата В екипата на Ѓорче Петров со службен резултат патува на завршницата, откако Гевгелија беше исклучена од сите натпреварувања поради скандалозниот натпревар со автоголовите, за што РФМ изрече високи казни, како што веќе информираше М Нет телевизија.

Во групата Г Вардар беше убедлив против Пелистер за место на завршницата.

Минатата сезона Ѓорче Петров со победата над Чаир од 36:24 го освои Куп трофејот.

Александар Ванев, М-Нет