
Сања Тодоровиќ со песната „Јас сум виновна“, The Solution со песната „Ти и јас“, Мирјана Митрева со „Плачев во себе“, Тамара Волческа со „Кажи ми да знам“ и Калина Александар со песната „Да не те познавав“ се петмината кои вечерва ќе се престават на втората фестивалска вечер на Макефест. Големи аплаузи, многубројна публика, задоволни пеачи е реултатот од првата фестивалска вечер на 39 издание на штипски Макфест. Учесниците кои си обезбедија место и за вечерва задоволни од фестивалот, и од можноста да се престават и вечерва.
„Ја пеев мојата песна „Кажи ми да знам“ ја напишав јас, музиката е од мене, аранжманот го правеше Јордан Манов од Кочани имавме многу убава соработка. Песната ми е многу емотивно поврзана, мислам дека тоа можеше и да се види“ – вели Волческа.
„За првпат сме на оваа сцена и со првата песна така да за нас ова е нешто многу големо. Помина се во одличен ред. Песната „Ти и јас“ е наша соработка со Филип Стевановски, беше прекрасно искуство“ – вели Ивана.
„Мојата песна се вика „Да не те познавав“ и најголема инспирација беше соработката со Александар Масевски. Тој е продуцент и тексописец на оваа песна. Текстот не е мој, но мислам дека се слуша и разбира тоа што авторот сака да го каже“ – вели Александар.
Вечерва продолжува втората фествалска вечер на која ќе се престават познати македонски музички имиња и плус петмината кои поминаа од вчеравечер. Картите се веќе распродадени, па се очекува добра забва, позитивни вибрации и ноќ за паметење.
Лаура Стојанова М-Нет