Позната причината поради која Бањоглав вчера заврши во полициската станица во Штип

Подвижниот имот кој се наоѓа во дворот на Ристе Бањоглав од село Долни Балван, а официјално се води на име на трето лице кое во текот на вчерашниот ден дошло по имотот е причина поради која Бањоглав и неговата мајка беа приведени во полициската станица во Штип. 

„Во семејниот двор има попишано подвижни и недвижни работи и дел од подвижните, коишто се во сопственост на трети лица, дошле да си ги земат луѓето. Меѓутоа, од страна на Ристе им било посочено дека тие предмети се попишани и не може да ги даде без да биде направен записник од страна на извршител или на полиција дека ги предава тие работи за подоцна тој да не биде гонет дека нешто фали и да нема документ за истите. Од страна на лицето, коешто е сопственик на тие подвижни нешта, било побарано од извршителката да дојде, меѓутоа извршителката навела дека од нејзина страна целиот предмет е затворен. Таа му се јавила на доверителот за да направи примопредавање, а тој, пак, побарал полициска асистенција, којашто, кога пристигнала на местото, побарала од Ристе да му ги предаде подвижните нешта на сопственикот. Сепак, од страна на Ристе и неговата мајка доверителот бил спречен да влезе во имотот и поради тоа доверителот има поднесено пријава за физички напад од страна на Ристе Бањоглав и Рајна Ристова кон него“, истакна Игор Ефремов, адвокат на Ристе Бањоглав.

Впрочем, Ристе Бањоглав зема долг од 600 илјади од доверителот со можност истиот да го плати за неколку години, а во меѓувреме тој да вложи во земјоделие и стока да заработува и да го врати долгот. Од страна на доверителот еден месец по давањето на долгот е побарано веднаш тој да се врати, но бидејќи Ристе не бил во можност да го врати направил купопродажен договор со доверителот и му дал комбе. За приказната да добие енормни размери, доверителот побарал од мајката на Ристе, 77 годишната Рајна Ристева, да потпише договор со кој таа ќе биде гаранција дека Ристе ќе го плати долгот. Пописот всушност значел дека целиот имот е ставен под залог.

„Имајќи предвид дека Рајна е околу 70 години, не прочитал што пишува, ниту била запознаена, туку само ѝ било посочено. Меѓутоа, самиот договор е договор за залог и таа несвесно ја става под залог сопствената куќа ви којашто живее 77 години. За износ од 10.000 евра, поточно, веќе намален износ со исплатени комбе и дел од пари, таа става имот вреден 10 пати повеќе. Од овде започнува целата голгота на Бањоглави, бидејќи во самиот договор пишувало дека износот од 600.000 денари Рајна Ристова мора да го врати на доверителот во рок од 30 дена“, додаде Ефремов.

На последното јавно надавање од страна на извршителот како купувач на целиот имот се јавува доверителот. За износ од 600 илјади денари семејството Бањоглави останале и без пари и без имот.

Лаура Стојанова МНет