Позитивна атмосфера во РК Радовиш, екипа е подготвена за гостувањето кај Шампион

ФОТО: Телевизија М Нет

Ракометарите на Радовиш во недела гостуваат во Скопје каде во рамки на 7. коло од прволигашкиот плеј-оф ќе се соочат со „фенерџијата“ Шампион. Радовиш по победата над Драчево се враќа во сериозна трка за второто место кое води во баражот за Суперлига. Ланскиот суперлигаш Радовиш воден од тренерите Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев ќе ја има улогата на фаворит на мечот против Шампион, кој ќе се одигра во салата „Антон Димитров“ во Скопје, со почеток од 18:30 часот.

Ракометарот Филип Талески, вели дека победата над Драчево била во вистински момент, веќе фокусот е на Шампион, иако е последна на табелата, Талески смета дека тоа е екипа која скапо ја продава својата кожа на домашен терен.

Филип Костадинов вели дека подготовките со новите тренери за мечот со Шампион течат во најдобар ред, вели иако Шампион е на дното без бодови, сепак не треба да се потцени противникот, а по победата над Драчево е подигната атмосферата.

Судиска двојка на мечот ќе биде Глигор Ќаев и Спаско Ќаев од Скопје, а делегат на мечот ќе биде Сашо Младенов од Скопје.

Александар Ванев, М-Нет