Пожарот во беровско делумно под контрола, се гаси од земја и воздух

Делумно ставен под контрола пожарот во беровско меѓу селата Митрашинци и Будинарци. Уште од утринава од пет часот хеликоптер започна со гаснење на пожарот во Малешевијата, каде е зафатена деградирана дабова шума, остатоци од гранки и стебла. Според првиот човек на ЦУК во споредба со минатата година пожарот е од многу помали размери и штетата е многу помала.

Рано наутро, најпрво вчера пред да се стемни еден армиски хеликоптер изврши излетување, немаше услови за дејство и затоа одлучивме денес рано наутро еден полициски хеликоптер да започне со дејство. Нешто после пет часот хелкиоптерот започна да фрла вода спо неговото ведро врз критичните точки“

На помош во гаснењето на пожарот се вклучија и противпожарните единци од Кочани, Виница, Струмица, Радовиш, Валандово и други градови, како и тимови на дирекцијата за заштита и спасување. Да се каже дека целосно е под контрола пожарот е неблагодарно бидејќи ветерот ја менува ситуацијата од час во час, цели Комнадирот на ТППЕ Валандово, Ѓорги Илиев.

„Ние сме овде од раните утрински часови, од Валандово тргнавме некаде околу 4 ипол сабајле. Пожарот не е активен на секаде туку гори во енклави и ние се обидуваме тие енклави да ги спречиме, но многу е неблагодарно да прогнозираме дека пожарот е сега под контрола. Пожарот делумно е под контрола, но сепак има енклави каде сеуште ни се шири пожарот“ – вели Илиев.

Брзата интервенција, но и соработката меѓу институциите е главна алка во синџирот за гаснење на пожарите во Малешевијата, истајба директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути. Освен ЦУК и локалните противпожарни единци од големо значење е и помошта од доброволните друштва кои се на терен.

Во пожарот до сега вклучени се 110 луѓе и 17 возила.

Лаура Стојанова М-Нет