
Едвај нешто успеало да се спаси од синоќешниот пожар во штипското село Долани. Изгорените греди и остатоците од фармата за свињи сведочеа за големата материјална штета. Првичните проценки се дека изгореле околу 100 прасиња, а вистинска среќа е што пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот.
„Добивме дојава за пожар во с. Долани за запалена свињарска фарма околу 21 часот. Од страна на Противпожарната единица реагиравме со три возила и десет пожарникари и успеавме да го локализираме и ликвидираме пожарот во доцните ноќни часови. Успеавме дел од фармата да спасиме, а материјалната штета е голема“, истакна командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев.
Засега причината за пожарот не е позната, поради што надлежните ќе излезат на терен за да утврдат како пожарот настанал.
Ребека Спасова М-Нет